за

Skoda преименува цел град по својот нов теренец

Сите натписни табли, полициските возила, рибарските бродови и рекламните паноа во малечкиот град на Аљаска, денес ќе го носат името „Kodiaq“ место „Kodiak“, во чест на новиот теренец на Skoda.

Skoda смисли оригинална кампања да привлече внимание на новиот теренски модел со име Kodiaq. На сите места кадешто е испишано оригиналното име на градот Кодиак, на истоимениот остров во Аљаска, денес пишува „Kodiaq“ место „Kodiak“. Чешката марка го избра името на големиотѕ теренец според локалниот вид мечки кој се вбројува меѓу најголемите видови кафени мечки и на јазикот на староседелците се пишува со „Q“ место „K“ на крајот.

Локалните власти излегоа во пресрет на Skoda и со помош на мештаните ги заменија или прелепија сите натписни табли, полициските и противпожарните автомобили, рибарските бродови и рекламните паноа во целиот град. Дури и официјалната вебстраница на градот го смени името во „Kodiaq“. Филмска екипа го документираше целиот проект, со богата доза хумор и на одушевување на мештаните. Буквално целото гратче учествуваше, од градоначалничката, преку шерифот, до дрварите.

На островот Кодиак покрај јужниот брег на Аљаска живеат околу 3.500 мечки од видот кодиак. Островот е со големина колку Корзика, а најголемиот дел отпаѓа на заштитеното подрачје „Kodiak National Wildlife“, кадешто е домот на овој вид мечки, кои се вбројуваат меѓу најголемите кафени мечки. Skoda официјално ќе го претстави големиот теренец Kodiaq во втората половина од годинава.

skoda kodiaq alaska 2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Како се случи Škoda Two Door да стане Tudor

„Историски“ спектакл на Еуроимпекс и автоклубот Џип Рели Спорт