за

Skoda развива модел посебно за Индија

skoda vision IN
skoda vision IN

Skoda Vision IN е името на концептниот автомобил што го најавува идниот сериски модел, наменет за индискиот пазар. Станува збор за важен пазар, кој штотуку почнува вистински да расте и производителите си обезбедуваат простор за претстојната борба.

Skoda го најавува својот иден модел, наменет посебно за индискиот пазар, преку студија со светлечко лого и со кристални краци во маската. Vision IN ќе доживее премиера на салонот Ауто Експо 2020 во Њу Делхи, кој се одржува од 5-ти до 12-ти февруари.

По двата цртежи што беа објавени во почетокот на месецов, сега следи видео коешто открива неколку нови детали, но целосниот изглед останува изненадување до салонската премиера. Тоа што несомнено ќе привлекува внимание на индискиот авто-салон е кристалната маска, заедно со двојни кристални краци и лого, кои може да се осветлат. Дводелните диодни светла го заокружуваат препознатливиот изглед на марката.

Врз посебната изведба на платформата од Scala и Kamiq за Индија ќе се развиваат повеќе модели на Skoda и Volkswagen за тамошниот пазар

Кристалот што ја симболизира традицијата на чешките мајстори е присутен и во внатрешноста. Главата на рачката на менувачот е од кристал, исто како и посебниот украс во арматурната табла. Облогите на седиштата се впечатливо штепувани, а ротирачките елементи во краците на воланот се дел од новиот концепт на ракување на Skoda.

New photo by Automedia MK / Google Photos
New photo by Automedia MK / Google Photos

Vision IN е прво возило што ја користи платформата MQB-A0-IN, приспособена од Skoda за идните модели за Индија. Врз оваа платформа, што во оригиналната изведба се користи за Scala и Kamiq, во иднина ќе се развиваат повеќе модели од Skoda и Volkswagen за тамошниот пазар. Чешката марка ќе раководи со сите активности на концернот Volkswagen во Индија.

Тест: Skoda Scala 1.0 TSI 115 Ambition

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Transit вози на масло од фритеза

Ford Transit вози на масло од фритеза

Mini тестира Mini: Со погон на струја на снег во планина

Mini тестира Mini: Со погон на струја на снег во планина