Чешката марка на Volkswagen за првпат произведе еден милион возила за една година. Јубилејниот автомобил, Skoda Fabia, излезе денес од погоните во Млада Болеслава.
За првпат во 119-годишната историја на компанијата, Skoda денес ја мина волшебната бројка од еден милион произведени возила за една година. Основа на големото достигнување на Skoda е најголемата моделска офанзива во историјата на чешката марка. Од 2010 година е комплетно обновена понудата на модели, воведувајќи и модели од нови сегменти за марката Skoda.
Во април 1991 година, Skoda се најде под покривот на Volkswagen и оттогаш постигна шесткратно зголемување на продажбата. Чешката марка денес има седум моделски серии и 40 моделски изведби. Од марка што во 1990-те години се ориентираше првенствено на домашниот и на пазарите во Централна и Источна Европа, Skoda денес се разви во марка што продава на повеќе од 100 пазари во светот. Најголем пазар за марката во последните четири години е Кина – една четвртина од продажбата во оваа година отпаѓа на големата азиска земја.
Skoda моментно произведува во три фабрики во Кина, во две фабрики во Русија и исто толку во Индија, како и во фабрики во Словачка, Казахстан и Украина.
Историските јубилеи во производството на Skoda
10 декември 2014: ŠKODA го произведе милионитото возило во 2014
19 март 2014: 11 милиони автомобили на ŠKODA се произведоа во Млада Болеслава
26 август 2013: 4 милион примероци од ŠKODA Octavia
9 јули 2013: 1 милион автомобили на ŠKODA се произведоа во Кина од 2007
5 февруари 2013: 15 милионитиот автомобил на ŠKODA од 1905 година
30 јануари 2012: 14 милиони автомобили на ŠKODA произведени од 1905 година
12 октомври 2011: 10 милиони возила на ŠKODA во Млада Болеслава
8 април 2009: 12 милиони возила на ŠKODA од 1905 година
13 јули 2006: 10 милиони возила на ŠKODA од 1905 година
1991: 5 милиони автомобили на ŠKODA произведени од 1905 година
















