за

Apple и IBM со заеднички бизнис апликации за iOS

„Incident-Aware“ е наменета за органите за прогон

Двата концерна ги претставија првите заеднички развиени апликации за iPhone и iPad, коишто се наменети за специјални потреби во транспортот, банкарството, осигурувањето и телекомуникацијата.

Apple и IBM денес го претставија „првиот бран“ на апликации за iOS коишто се наменети за користење во фирмите. Овие програми „Made-for-Business“ за iPhone и iPad ги користат Cloud-услугите и аналитичките функции на „Big Data“ на IBM. Апликациите им стојат на располагање на фирмите од различни бранши и ги покриваат подрачјата на примена во банкарството и осигурувањето, трговијата на мало, финансиските услуги и телекомуникацијата, но се достапни и за владини институции и авиокомпании.

Меѓу претставените апликации спаѓа и iOS-софтвер, којшто на авионските екипажи им овозможува во текот на летот „да им понудат на патниците специјални понуди, пререзервации и информации за багажот“. Банкарските советници со помош на апликацијата „Advise & Grow“ можат да пристапат до профилите на клиентите и до анализите за конкурентност, со цел да понудат „персонализирани препораки“.
Апликацијата „Incident-Aware“ е наменета за органите за прогон, овозможувајќи им пристап во реално време до картите и до видеоснимките од локациите кадешто е извршен престапот, како и информации за статусот на жртвата, за ризикот за ескалација и за историјата на престапот.

„Sales Assist“ им овозможува на продавачите во малопродажба да пристапат до профилите на клиентите, да го проверат инвентарот или да побараат производ. Меѓу првите корисници на овие апликации се вбројуваат Apple и IBM, кредитнитe институти Citi и Banorte, авиокомпанијата Air Canada и американската компанија за мобилна телефонија Sprint. Апликациите може да се скројат по мера за секоја организација. Наскоро ќе следувааат и дополнителни апликации.

Apple и IBM го најавија партнерството летоска. Покрај заеднички развој на апликации, IBM ќе им продава iPhone и iPad на компаниите со коишто соработува. Претпријатијата нудат и дополнителни услужни дејности, како „Apple Care for Enterprise“, за поправка на уреди на самото место и замена на дефектен хардвер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Skoda за првпат со милионска продукција

Skoda Superb: Чешкиот Passat напролет со премиера во Женева