за

Seat Leon во хибридна изведба троши 1,6 литар гориво

6. SEAT LEON, продадени примероци 77,459 (+10.0%)

Шпанската марка претстави прототип на хибрид со приклучок за струја, базиран на новиот Leon, во чест на комплетирањето на проектот Cenit Verde чија што цел беше развој на овој автомобил.

Прототипот Seat Leon Verde е кулминација на четиригодишното истражување на можностите за воведување на возила со погон на струја во Шпанија. Повеќе од 800 професионалци од 16 приватни компании и 14 јавни институции соработуваа во Cenit Verde. Со проектот, чие што име значи Зелен зенит, раководеше техничкиот центар на Seat во Марторел, со поддршка на министерството за економија и конкурентност на Шпанија.

Освен прототипот на база на Leon, во рамките на проектот беше развиен и иновативен систем за полнење на батериите на возилата на струја. Овој интелигентен систем се вклучува автоматски кога струјната мрежа има ниска оптовареност и ги полни батериите само во тој период, користејќи ја евтината тарифа. Тоа од една страна ги намалува трошоците за струја на корисникот, а од друга ја намалува оптовареноста на струјната мрежа.

Seat Leon Verde сепак беше приоритетна цел на проектот. Погонот го сочинуваат 1,4-литарски TSI со 122 КС и електромотор со 102 КС, што дава системска моќност од 170 КС. Со енергијата во батериите, хибридниот Leon поминува до 50 километри. Тоа дава просечна потрошувачка од 1,6 литар при комбинирана работа на хибридот во првите сто километри возење. Од друга страна, 50-те километри во батериите се сосема доволни за просечната дневна километража.

seat leon verde 1

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

AMG отсега вози и на две тркала

Golf GTD пред 30 години и сега