за

AMG отсега вози и на две тркала

Љубителите на возењето на две тркала отсега можат да уживаат во модел на AMG. Но, уживањето кај AMG секогаш чини многу, без разлика на бројот на тркала. Велосипедот се продава за 6990 евра.

Спортската марка на Mercedes започна соработка со Rotwild, производител на врвни велосипеди. За почеток на соработката е изработен маунтинбајк во ограничена серија, кој чини 6.990 евра и бојадисан е по пример на Mercedes A 45 AMG Edition 1. Велосипедот е изработен рачно, има карбонска рамка и амортизација на обете тркала. Рамката е бојадисана во бело, а задната вилушка во мат црно, со детали во графитно сива и црвена боја.

amg bike

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Skoda Octavia 1.2 TSI 105 KC Ambition

Seat Leon во хибридна изведба троши 1,6 литар гориво