за

Seat го најави третиот тениски турнир Seat Open

Во последниот петок од месецов ќе стартува третиот тениски турнир Seat Open, во организација на компанијата Ка-Дис, застапникот на Seat. Средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Средствата од котизациите на учесниците ќе бидат донирани за помош при отварање на новиот Центар за едукација и рехабилитација за третман на деца со аутизам при здружението на граѓани за третман на лица со аутизам, АДХД и Аспергеров синдром- ВО МОЈОТ СВЕТ- Скопје. Апликациите за турнирот се достапни на веб страницата www.seat.com.mk.

DSC_0035

Учесниците ќе бидат распределени во повеќе категории, односно во единечна категорија ќе се игра во конкуренција на мажи ветерани, мажи аматери, жени аматери, деца и двојки во комбинација маж-маж, маж-жена и жена-жена. Детската категорија е поделена во три поткатегории – црвен, портокалов и зелен тенис – а котизацијата за учество изнесува 400 денари, со што секој учесник добива подарок маичка.

Котизацијата за учество на возрасни (мажи ветерани, мажи аматери, жени аматери) изнесува 1000,00 денари, за единечна категорија, со можност за доплата на 500,00 денари за категорија- двојки, при што секој учесник добива подарок маичка и топчиња.

Хуманитарниот тениски турнир Seat Open е лански добитник на националната награда за најдобри општествено одговорни практики, во категоријата вложување во заедницата
Хуманитарниот тениски турнир Seat Open е лански добитник на националната награда за најдобри општествено одговорни практики, во категоријата вложување во заедницата

Хуманитарниот тениски турнир Seat Open 2013 е проект кој е добитник на националната награда за најдобри општествено одговорни практики 2012 година, во категоријата ВЛОЖУВАЊЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА кај мали и средни претпријатија, со што уште еднаш се потврди определбата на SEAT Македонија, да биде добар корпоративен граѓанин развивајќи го чувството за вистинските вредности како во општеството, така и кај натпреварувачите на овој хуманитарен тениски турнир.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Seat го освојува пазарот во Мексико

Само во малечките автомобили се гледа добро