за

Само во малечките автомобили се гледа добро

Разиграниот дизајн на каросеријата ги привлекува купувачите во сите класи и пријатен е на око. Но, така е само однадвор. Возилата станаа многу непрегледни, за паркирање, но и за возење.

Кој бара автомобил што се паркира лесно, што е прегледен при престројување, или воопшто, автомобил во кого што возачот има претстава до каде досега каросеријата и дали има пречка или можеби и пешак зад возилото, тогаш најдобро е да избере автомобил од градската класа со три врати. На тестот на најголемиот европски клуб АДАК најдобро поминаа малечките автомобили со две врати и капак одзади – меѓу десетте најпрегледни возила на тестот, дури седум се од оваа класа.

Clio Campus ја користи класичната форма на каросеријата како предност. Новите модели се непрегледни, а со тоа и небезбедни
Clio Campus ја користи класичната форма на каросеријата како предност. Новите модели се непрегледни. Тоа ја намалува и безбедноста во возењето

Најдобро помина модел од постарите генерации – Renault Clio Campus, базиран врз Clio од генерацијата од 1998 година. По него се најдоа Citroen DS3 и VW Up, исто така во изведба со три врати. Добрата прегледност на оваа каросериска форма произлегува од тоа што задните столбови се тесни и се далеку назад, како и од отсуството на рамка за задната врата.

Според клубот АДАК, на крстосници и спојувања на патишта често пати се случуваат негоди кои што се предизвикани од недоволната прегледност во возилото. Поради тоа, добрата прегледност е основен безбедносен аспект

Клубот досега ја провери прегледноста нанадвор на 1.175 возила. Најлошо помина луксузниот BMW X5 со оцена 4,9. Слаби во овој поглед се и комбито Dacia Logan MCV (4,9) и VW Caddy Maxi Life (4,8). Кај поголемиот број од тестираните возила пречи тоа што не се спуштаат задните потпирачи за глава и задните столбови се широки. Пречи и тоа што актуелните дизајнерски трендови ги стеснуваат прозорците со цел да се постигне впечатлива динамика во изгледот на возилото.

Топ 10 возила со најдобра и најлоша прегледност

АДАК ја измери прегледноста на 1.175 модели. Мерењето се вршеше со камера поставена на висина на очите на возачот, која што снима панорамска слика од 360 степени. Потоа со помош на оваа слика се одредуваа површините кои што го попречуваат погледот на возачот.

Возила со најдобра прегледност

Марка Модел Форма на каросерија Врати Класа Оцена
Renault Clio II Campus Комбилимузина 3 Малечки возила 2,1
Citroen DS3 Комбилимузина 3 Малечки возила 2,3
VW Up! Комбилимузина 3 Мини возила 2,3
Smart Fortwo coupe Комбилимузина 3 Микро возила 2,4
Lada Niva Теренско возило 3 Компакт класа 2,4
Citroen C2 Комбилимузина 3 Малечки возила 2,5
Citroen Grand C4 Picasso Ван 5 Компакт класа 2,5
Peugeot 206+ Комбилимузина 3 Малечки возила 2,5
Audi A1 Комбилимузина 3 Малечки возила 2,5
Twingo Twingo Комбилимузина 3 Мини возила 2,5

 

Возила со најлоша прегледност

Марка Модел Форма на каросерија Врати Класа Оцена
VW CC Купе 4 Средна класа 4,6
Kia Optima Лимузина 4 Средна класа 4,6
Mercedes Класа А Комбилимузина 5 Компакт класа 4,6
Honda Civic Комбилимузина 5 Компакт класа 4,7
Nissan Cube Ван 5 Малечки возила 4,7
Chevrolet Cruze Комбилимузина 5 Компакт класа 4,7
Opel Ampera Комбилимузина 5 Компакт класа 4,7
VW Caddy Maxi Life Комби 5 Компакт класа 4,8
Dacia Logan MCV Комби 5 Компакт класа 4,9
BMW X5 Теренско возило 5 Виша средна класа 4,9

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat го најави третиот тениски турнир Seat Open

Range Rover Sport е рекордер на Пајкс Пик