Seat вози за фестивалот Браќа Манаки

Гостите на најстариот фестивал на филмска камера ќе ги користат возилата на Seat за време на одржувањето на традиционалната манифестација во Битола.

Филмските творци, омилениот шпански кинематографер Хосе Луис Алкаин, првата жена кинематографер Ањес Годар, како и врвните светски сценаристи, продуценти и режисери ќе пристигнат на црвениот тепих со новиот Seat Leon и ќе имаат можност да уживаат во волшебството на најстариот фестивал на филмска камера.

За Seat како бренд со младешки дух кој е во постојана потрага по нов начин на давање живот на технологијата, преку комбинацијата на инженерство и уживање, претставува огромно задоволство да го поддржува „Браќа Манаки” и да даде придонес на македонскиот филм и афирмација на филмската уметност во нашата земја.

Претходна објаваПо хибридите: Автомобилот на вода на Toyota
Следна објаваЕлектричниот Golf ќе се продава и во САД

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here