Renault и PSA го запреа производството во знак на жртвите од тероризмот

Фото: Les Echos

Големите автомобилски концерни ги запреа производствените линии за време на едноминутното молчење во знак на жртвите од терористичкиот напад во Париз.

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера прогласи национален ден на жалост по терористичкиот напад во којшто загинаа 12 лица во канцелариите на сатиричниот магазин Шарли Абдо во Париз. Оланд побара претпријатијата и училиштата да учествуваат во едноминутното молчење вчера попладне. Renault и PSA го запреа производството во своите фабрики и претставништва во Франција и низ светот за време на едноминутниот молк.

Претходна објаваПуштете ги звучниците до крај и слушнете го ова Porsche
Следна објаваЏебен генератор со горивна ќелија од eZelleron

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here