Џебен генератор со горивна ќелија од eZelleron

Kraftwerk е компактна горивна ќелија којашто работи со гас за домаќинство и има капацитет да ги наполни батериите на единаесет iPhone.

Германското стартап претпријатие eZelleron на платформата Kickstarter бара подржувачи за компактната горивна ќелија Kraftwerk, со којашто паметни телефони и други преносни уреди може да се полнат надвор од домот со напон од 5 волти. Системот заштитен со 27 патенти директно го претвора секојдневниот гас за домаќинство во електрична струја.

Горивната ќелија е вградена во куќиште со големина на кутија цигари. Kraftwerk се полни со обичен гас за домаќинство, на пример преку полнач за запалки. Системот работи независно од електричната мрежа и со едно полнење произведува доволно струја за на пример батеријата на iPhone да се наполни до единаесет пати.

kraftwerk_refilling

Излезната моќ што стои на располагање преку приклучок USB изнесува два вата, а краткотрајно се моќни и до десет вати. Наполнет џебниот уред тежи околу 200 грама. Димензиите од 10 х 7,5 х 3 сантиметри се приближно исти како кај другите преносни акумулатори. Со работа во температурно подрачје од -15 до 55 степени Целсиузови, Kraftwerk одговара и за примена при кампување, како и за екстремни спортисти. Производителот има обезбедено и меѓународна дозвола за примена во авион.

Дрезденската фирма eZelleron моментно бара финансиски подржувачи со цел Kraftwerk да се најде на пазарот кон крајот на годинава. Горивната ќелија би чинела околу 150 американски долари. Веќе се обезбедени партнери за сериско производство, но досега е изработена само серија од неколку прототипи. За финансирањето на следните чекори до сериското производство, вклучувајќи и две фази на тестирање, фирмата се реши за платформата Kickstarter, кадешто до март би требало да се соберат половина милион американски долари. Досега се собрани 290.000 долари.

Фирмата eZelleron е основана во 2008 година и претставува погранок на институтот Фраунхофер, во којшто 25 лица работат на извори на енергија за мобилно снабдување со струја со ниска емисија на штетни материи.

Претходна објаваRenault и PSA го запреа производството во знак на жртвите од тероризмот
Следна објаваEuro NCAP ги прогласи петте најбезбедни автомобили

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here