Големите автомобилски концерни ги запреа производствените линии за време на едноминутното молчење во знак на жртвите од терористичкиот напад во Париз.
Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера прогласи национален ден на жалост по терористичкиот напад во којшто загинаа 12 лица во канцелариите на сатиричниот магазин Шарли Абдо во Париз. Оланд побара претпријатијата и училиштата да учествуваат во едноминутното молчење вчера попладне. Renault и PSA го запреа производството во своите фабрики и претставништва во Франција и низ светот за време на едноминутниот молк.
















