Renault и Nissan лани заштедиле 2,69 милијарди евра

Преку соработката на француската и јапонската компанија, во минатата година е постигната рекордна заштеда од 2,69 милијарди евра, што е за 54 проценти повеќе отколку во 2011 година.

Дополнителните пари во заедничката каса ќе му бидат од особена корист на Renault, чиј што промет во првиот квартал од годинава се намали за 12 проценти, на 8,27 милијарди евра. Најмногу пари се заштедени преку соработката во набавката (851 милиони евра), а потоа следат подрачјата на погонската спрега (709 милиони евра) и автомобилската техника (546 милиони евра).

Во индискиот Ченај, на пример, партнерите изградија џиновска фабрика во која што се произведуваат возила од марките Renault и Nissan. Соработката што стартуваше во 1999 година во следниот период ќе донесе и дополнителни синергиски ефекти. Голем потенцијал лежи вона растечките пазари, односно во Бразил, Русија, Индија и Кина.

Претходна објаваНов Mercedes GLK во 2015, нов Audi Q5 во 2016
Следна објаваBMW ќе оди со помала заработка во Кина

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here