за

BMW ќе оди со помала заработка во Кина

Премиум марката BMW постепено ќе ја намалува продажната маржа за своите модели на кинескиот пазар.

Шефот на BMW во Кина, Карстен Енгел, за петочното издание на „Вол Стрит Журнал“ изјави дека во следните години маржите ќе се намалуваат за еден до два проценти годишно, меѓу другото и поради фактот што пазарот се ориентира на возила од помалите класи. Премиум марките BMW, Mercedes и Audi заработуваат во просек меѓу 15 и 20 проценти од продадено возило во Кина. Ваквиот тренд не го изненадува менаџерот на марката, кој уште при пазарното воведување на моделот GT од серијата 3 изјави дека „деновите на вртоглавиот раст се одброени“.

Аналитичарите сметаат дека продажбата во Кина му носи на BMW меѓу 20 до 30 проценти од вкупната заработка. На долг рок, изгледите сепак се позитивни за Енгел: „Очекуваме голем пазарен раст“. BMW очекува до крајот на годината да постигне раст од близу десет проценти во Кина. Експертите сметаат дека во 2016 година Кина ќе ги замени САД како најголем пазар за луксузни возила во светот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault и Nissan лани заштедиле 2,69 милијарди евра

Volvo, Volkswagen и Toyota најдобри според Auto Test