Французите ја продолжуваат нивната посветеност на кинематографијата појавувајќи се за прв пат како главен спонзор на престижниот филски фестивал во Венеција. Renault и филмот ги спојува 115 годишна историја.
Од 27-ми август до 6-ти септември, Renault ќе обезбедиу превоз за најголемите ѕвезди, од нивното пристигање на аеродромот до историскката Палата на кинематографијата во Лидо. Покрај орифијалниот возен парк од 35 примероци од моделите Latutude и Espace, деби на црвениот тепих ќе доживеат и 4 примероци од новата генерација на Twingo. Логоата на Renault и на вториот главен спонзор Jaeger-LeCoultre ќе се гледаат и на „вапорети“, познатите водени автобуси во Венеција.
Врската меѓу Renault и филмот се протега подолго од еден век, почнувајќи од изградбата на првите филмски студија веднаш покрај фабриката на Renault во Биланкурт, во близина на Париз, во 1885 година, до појавувањето на Огуст Рено зад воланот на Renault Type A во првиот филм на браќата Лумиер во 1899 година. Во денешно време, годишно се прават околу 200 телевизиски и кино продукции со специјален возен парк од 40 возила од марката Renault. Француската марка веќе подолго години има воспоставено партерство и со другите водечки манифестации од киноматографијата, од Кан и Довил, преку Лион, Кабур и Маракеш.
















