Renault Talisman GT: Крај на дизајнерските екскурзии на Французите

Наследникот на Laguna повеќе сака да привлече со внатрешните вредности, отколку со различниот дизајн. Можно е формулата конечно да им успее на Французите во битката со германската конкуренција.

По зачестените дизајнерските излети во последните години, Renault постепено се враќа при разум. По претставувањето на лимузината Talisman, како наследник на несреќната Laguna, па затоа и со комплетно ново име, Renault ја претставува и комби изведбата од овој модел во средната класа, што со должина од 4,86 метри ќе им конкурира на Volkswagen Passat или Ford Mondeo.

Исто како лимузината, комбито Talisman Grandtour покажува привлечен изглед, но нема намера да ја гради кариерата само на надворешните атрибути. Багажникот нуди простор со зафатнина меѓу 572 и 1.700 литри, а по соборувањето на совозачкото седиште може да се пренесуваат предмети долги и до 2,01 метри. Како мошне практично решение во последно време се покажува електричното задвижување на капакот на багажникот кај комби-моделите, па и Talisman Grandtour го нуди истото – секако, со доплата или како стандард во најлуксузното ниво на опрема.

Пет мотори со турбонатполнење, акцент на менувачите со двојна спојка

Понудата од мотори за новиот Renault Talisman Grandtour вклучува два бензинци и три дизели, сите со турбонатполнење, со дијапазон на моќност меѓу 110 КС и 200 КС. Основниот дизел од 1,5 литар во Talisman Energy dCi 110 доаѓа стандардно со мануелен менувач со 6 степени, но затоа поголемата верзија со 1,6-литарскиот дизел со 130 КС е достапна и со менувач со двојна спојка со 6 степени. Овој менувач е стандард кај топ-дизелот со 160 КС.

renault talismanБензинските верзии ги носат ознаките TCe 150 и TCe 200 и работат стандардно со седумстепен менувач со двојна спојка. Верзија со погон на сите тркала не е предвидена, но затоа се нуди опција за управување на сите четири тркала за подобри возни својства и полесно маневрирање во град, како и приспособливо подвозје и четири различни програми на работа на погонската спрега.

Французите се погрижиле и во кабината да го понудат чувството на комфор кое што ги одликуваше големите француски автомобили до пред неколку децении. Покрај комфорни седишта со климатизација и масажна функција, на располагање ќе има и луксузно обложен ентериер со мека телешка кожа, навигација преку пристап на интернет, врвно озвучување од Bose и голем број системи за асистенција. Продажбата стартува во почетокот на следната година.

Претходна објаваПрви фотографии од новата генерација на Kia Sportage
Следна објаваКинези ќе стануваат акционери во Daimler

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here