за

Кинези ќе стануваат акционери во Daimler

Кинескиот партнер BAIC планира да стане акционер во германскиот гигант Daimler. Според пазарните аналитичари, можно е Кинезите да станат најголем единечен акционер во коннцернот од Штутгарт.

Државниот концерн BAIC планира до крајот на годинава да откупува акции во германскиот производител на автомобили Daimler. Шефот на заедничката инвестиција на Daimler и BAIC (Beijing Automotive) изјави во интервју за локалниот „Пекинг Тајмс“ дека неговиот концерн може да стане еден од најголемите сопственици на удел во штутгартскиот производител. Кинезите уште претходно ја искажаа намерата да станат акционери во Daimler, но плановите сега почнуваат да се конкретизираат. Според весникот, обата партнера се во „завршната фаза од преговорите“.

Од Daimler го поздравуваат овој чекор на кинескиот партнер и секогаш искажуваат „радување за долгорочно ориентираните инвеститори“. Акциите на Daimler со зголемување на вредноста од преку 4 проценти се вбројуваат меѓу добитниците според берзанскиот индекс Dax.

Daimler заеднички произведува автомобили во Кина со BAIC и учествува со околу 10 проценти во BAIC Motor, автомобилската филијала на концернот. Шефот на BAIC уште не открива колкав ќе биде нивниот удел во Daimler. Најголем единечен акционер кај германскиот автогигант во моментов е кувајтскиот државен фонд со учество од 6,8 проценти.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Talisman GT: Крај на дизајнерските екскурзии на Французите

Hyundai стартува серија спортски модели N-Performance