за

Возачи на Renault Sport ќе одржуваат собири на врвни тркачки патеки

Renault R.S. Days 2019

Французите организираат дружење на заедницата околу моделите со знакот на Renault Sport. На седум легендарни тркачки патеки, годинава ќе се одржуваат собири за возачи и љубители на R.S, од Нирбургринг до Хунгароринг

Возачите на R.S. имаат дополнителни седум празници во агендата за 2019 година. Спортското одделение на Renault ги повикува сопствениците на модели од Renault Sport на заедничко возење и дружење на седум тркачки патеки: Силверстоун, Спа Франкоршамп, Валенсија, Нирбургринг, Хунгародинг и Ле Кастел. Секако дека не смее да недостига и возење по Red Bull Ring.

Renault Megane RS Trophy

Собирите ќе се одржуваат во викендите во кои се вози формула Renault и францускиот куп со Clio. Заедничките дружења ќе вклучуваат присуство на трки, возење по тркачка патека за сопствениците на модели R.S., изложби на олдтајмери и на актуелните модели, но и тест возење на новиот Megane R.S. и ексклузивни средби со експерти и тркачки идоли.

Регистрирањето за „Деновите на R.S.“ се отвора во март.

Седумте датуми за средби на легендарните тркачки патеки:
  • 11-12 мај: Силверстоун (Англија), Formula Renault Eurocup
  • 24 јули: Спа Франкоршамп (Белгија), Formula Renault Eurocup
  • 3-4 август: Валенсија (Шпанија), Clio Cup France & Clio Cup Spain (tbc)
  • 30 август-1 септември: Нирбургринг (Германија), Formula Renault Eurocup
  • 7-8 септември: Хунгарорингнгарија), Formula Renault Eurocup
  • 12-13 октомври: Ле Кастел (Франција), Clio Cup France
  • 28 октомври: Red Bull Ring (Австрија), 100% возење по тркачка патека
Едно историско „автомобилче“ на Renault:

Карлос Гон си ја платил свадбата на трошок на Renault

Кога Renault Clio ќе стане повеќе посакуван избор од Megane

Renault Twingo: Минито што е пооригинално и од Mini

Renault создава острови што се независни од фосилни горива

 

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тест гуми доставни возила

Гумите за доставни возила со катастрофални резултати на тест на АДАК

сообраќајни правила странство

Необични закони во странство: Од данок за ротациско светло до резервни очила