за

Карлос Гон си ја платил свадбата на трошок на Renault

versajski dvorec reno gon

Францускиот производител Renault ги проверува новите обвинувања против поранешниот шеф на концернот, Карлос Гон, кој неколку месеци се наоѓа во притвор. Постои сомневање дека спонзорството на Версајскиот дворец е искористено за „личен профит“, во висина од 50.000 евра.

Според францускиот „Ле Фигаро“, Гон и неговата сопруга Карол, во октомври 2016 година ја прославувале својата венчавка во Версај. Но, трошоците за изнајмувањето на искорискиот дворец биле подмирени на сметка на договорот за спонзорство со Renault.

Менаџерот на 64-годишна возраст беше притворен на 19-ти ноември во Токио, поради сомневање за берзански шпекулации. Постои сомневање и дека шефот ги префрлувал приватните финансиски загуби на сметка на Nissan. Гон пред судот изјави дека е невин и дека станува збор за заговор против него.

Француската влада е директно засегната околу случајот со Карлос Гон, како сопственик на 15 проценти од акциите во Renault

Родениот Бразилец е главниот творец на алијансата меѓу Renault и Nissan, на којашто ѝ се придружи Mitsubishi. Францускиот производител во почетокот застана во одбрана на Гон и не го разреши од шефовската функција. Но, под силен притисок на француската влада, тој конечно се повлече во минатиот месец. Државата учествува со 15 проценти во акциите на Renault и има право на одлучување.

карлос гон процес, renault, nissan

Версај во 2016 година случил договор за спонзорство со Renault во висина од 2,3 милиони евра. Договорот му овозможи на Версај да финансира низа реставрации преку Renault. За возврат, производителот на автомобили ги користел услугите на благородничкото здание.

Меѓу користените услуги се појавува и ставка за „ослободување неколку простории“, за вечерата на 8-ми октомрври 2016 година. Версај соодветно наплатил 50.000 евра за услугите. Според „Ле Фигаро“, Карол и Карлос Гон вечерта имале спектакуларно прославување на венчавката во дворецот. Јасно е дека станува збор за приватен настан, кој нема ништо заедничко со спонзорството на Renault.

Кога Renault Clio ќе стане повеќе посакуван избор од Megane

Новиот Renault Clio почнува од внатрешноста

Renault Twingo: Минито што е пооригинално и од Mini

Најпродаван во Јапонија е … Nissan Note, по малку електричен

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche usluga polnenje struja

Porsche обезбеди 49.000 полначи за своите електрични модели

Audi e-tron

Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра