Јапонските медиуми известуваат околу можноста за раскинување на алијансата меѓу Nissan и Renault. Уште во текот на денов, Карлос Кон ќе добие отказ и од Mitsubishi
По притворањето и отпуштањето на топ-менаџерот Карлос Гон, јапонскиот производител на автомобили Nissan ја става под знак прашање и натамошната алијанса со францускиот концерн Renault. Тоа го најавил шефот на Nissan, Хирото Саикава, според информацијата што ја објави јапонската агенција „Кјодо“, повикувајќи се на анонимен извор. На состанок со вработените, Саикава го изнесол ставот дека алијансата со Французите, во којашто спаѓа и Mitsubishi, повеќе не е достојна.
Гон, кој уште фигурира како шеф на управниот одбор во Renault, беше притворен на 19-ти ноември, а во минатиот четврток му следеше и отказ од Nissan. Според интерните истраги, тој и уште еден менаџер, кој исто така се наоѓа во притвор, пријавувале погрешни износи на нивните плати во официјалните извештаи до јапонската берза, односно пријавуваните плати биле далеку под реалните вредности. Јапонските медиуми објавија дека Гон во периодот од 2011 до 2016 година затаил 5 милијарди јени, односно околу 40 милиони евра.
Auch #Mitsubishi entlässt #Ghosn – #Nissan: zu grosse Machtkonzentrationhttps://t.co/b9CPqcxLp9#Renault
— Moneycab (@Moneycab) November 26, 2018
#Ghosn sacked as Mitsubishi Motors chairman – https://t.co/1ACfGWBBkX
— jackson shadow (@jackson_shadow) November 26, 2018
Според непотврдени објави во јапонските медиуми, Гон ги отфрла обвинувањата. Јапонското казнено право предвидува притворот да трае најмногу три недели, доколку не започне судска постапка.
На француската страна е почувствителен проблемот, затоа што државата поседува акции во автомобилскиот концерн Renault
Јапонскиот економски дневник „Никеи“ денес објави нова информација, дека Гон осум години не плаќал пензиско осигурување, во вкупна висина од околу 8 милијарди јени. Според јапонското обвинителство, Гон морало да го наведе тоа во извештаите до берзата.
Renault започна интерна истрага против сé уште актуелниот шеф, во којашто главно се бараат докази за евентуално притајување имот на фирма. Тоа во неделата го изјави францускиот министер за економија и финансии Бруно Ле Мер, отфрлајќи какви било сомнежи околу случајот. Државата има извесно влијание во Renault, затоа што поседува удел од 15 проценти во компанијата.
Renault учествува со 43,4 проценти во Nissan и со 34 проценти во Mitsubishi. Наспроти тоа, Nissan поседува 15 проценти од акциите во францускиот автомобилски концерн, но не располага со право на одлучување.
Renault во Париз докажува дека електропогонот е сегашност
Renault создава острови што се независни од фосилни горива
Nissan Qashqai со бензински мотор од Mercedes A-Class
Британците ценат дека Nissan Qashqai е нивниот најдобар автомобил
















