Renault основа марка за изнајмување возила и има посебно возило за тоа

Renault ја основаше посебната марка Mobilize којашто ќе нуди нов вид на услуги за мобилноста на иднината и којашто сега го претстави својот прв автомобил. Станува збор за концептно возило што посебно е наменето за краткотрајно изнајмување, односно за Car-Sharing, под името EZ-1.

Шефот Патрик Лешарпи и неговиот дизајнерски тим имаат задача под новата марка Mobilize на групацијата Renault да развиваат сосем нови видови на услуги за мобилност. „Сакаме да пронајдеме решение за мобилност, коешто совршено ќе одговара на барањата на корисниците, на градовите и на компаниите што ќе ги нудат истите“, изјави директорот за дизајн на Mobilize.

Концептот на возилото и дизајнот на EZ-1 Prototype се развиени по бројни истражувања, анализи и тестирања на понудите на постоечките компании со услуги за Car-Sharing. Од сето тоа произлезе возило со електричен погон, коешто е вмрежено и во најголем дел се состои од рециклирани материјали и од материјали што лесно се рециклираат.

„Сакаме на народот колку е можно помасовно да му понудиме пристап до решение за транспорт, коешто ќе биде едноставно за користење и ќе причинува големо уживање – но, возило коешто не мора да го купувате“, порачува Патрик Лешарпи.

https://www.instagram.com/p/CKJNLr4jJPd/

>>> Renault го продава уделот во Daimler, соработката продолжува

Претходна објаваАвтобусите почесто возат со електричен или хибриден погон
Следна објаваPorsche Boxster беше спас за марката пред 25 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here