за

Renault го продава уделот во Daimler, соработката продолжува

Renault го користи добриот курс на Daimler и го продава своето учество во германскиот концерн. Французите со парите ќе ги покријат долговите.

Расте уделот на Renault на европскиот пазар

Францускиот производител Renault се трансформира и во екот на историските промени ги продава своите акции во Daimler. Вештиот потег се случува во време кога вредноста на акциите на германскиот концерн е порасната значително.

Renault го продава целиот удел во Daimler во висина од 1,54 проценти од акцискиот капитал. Станува збор за 16,4 милиони акции во Daimler. Французите ќе ги користат средствата од продажбата за покривање на долговите. Индустриското партнерство со Daimler не е погодено од трансакцијата, тоа продолжува непречено.

Пакетот акции ќе се понуди кај професионални инвеститори, по пат на забрзана постапка. Денешниот курс на акциите на Daimler беше заклучен на 72,09 евра. Тоа значи дека целиот пакет акции на Французите вреди 1,19 милијарда евра. При големите пласмани сепак е вообичаено да се смета на намалување на вредноста.

Акциите на Daimler од почетокот на ноември пораснаа за повеќе од 60 проценти. Renault во минатата година забележа загуба од 8 милијарди евра, првенствено поради слабите резултати на јапонскиот партнер Nissan, а секако и корона-кризата имаше голем удел во тоа.

>>> „Ренолуцијата“ става нагласок на електричен погон и на Megane

2021 - Dacia Bigster Concept - Renault 5 Prototype - Mobilize EZ-1 Prototype - A521 - „Ренолуцијата“ става нагласок на електричен погон и на Megane

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota GR Supra со серија во чест на патеката Харама

Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Недостигот од чипови може да прерасне во долготрајна криза