Недостигот од чипови може да прерасне во долготрајна криза

Забавувањето на авто пазарот ги погодува и производителите на чипови

Според процените на јапонскиот производител Renesas, авто-индустријата уште долго ќе се соочува со светски недостиг од полупроводници. Испораките ќе бидат ограничени во првото полугодие, а постојат укажувања дека ситуацијата нема да се смени ниту во втората половина од годината.

Renesas и неговиот јапонски партнер TSMC се борат да најдат излез од кризата. За нив е од основна важност да обезбедат доволно полупроводници за авто-индустријата. Побарувачката на чипови од страна на авто-производителите беше во опаѓање уште од 2018 година. Во четвртиот квартал лани, по заздравувањето од ударот од корона-кризата, наглото зголемување на побарувачката од автомобилската индустрија предизвика тесно грло во испораката на чипови.

Поради сложените и долги синџири од добавувачите до фабриките за автомобили, не може брзо да се одговори на зголемената потреба од чипови за автомобилското производство. Дополнителен проблем е тоа што останатите бранши лани исто така имаа зголемена потреба од полупроводници.

Пазарните аналитичари ценат дека автомобилската индустрија годинава ќе остане кусок 51 милијарди евра. Како главна причина за тоа се наведува лошото менаџирање со залихите.

Фабрики за автомобили мируваат, недостигаат чипови

https://www.instagram.com/p/CG7GSoFrZGG/

Претходна објаваRenault го продава уделот во Daimler, соработката продолжува
Следна објаваТајната формула на Suzuki е во моќното присуство на индискиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here