Renault Clio RS 220 Trophy е најбрз малечок автомобил на Нирбургринг

Специјално дотераното подвозје и екстра моќноста на моторот му овозможија на спортскиот Clio RS 220 Trophy да постави нов рекорд во својата класа на патеката Нирбургринг.

Со време на круг од 8:23 минути, Renault Clio RS 220 Trophy е најбрз малечок автомобил од сериско производство на патеката Нирбургринг. Специјалната серија на овој модел располага со 20 КС и 40 њутнметри повеќе во споредба со стандардниот модел, а дополнително поседува и специјално дотерано спортско подвозје и блокада на диференцијалот на предната оска. Рекордното време го извозе Кристијан Гебхарт, уредник на германскиот магазин „Sport Auto“ во рамките на тестирањето на автомобилот. Лимитираната серија од спортскиот модел чини 28.900 евра на францускиот пазар.

Претходна објаваПоршето на Џенис Џоплин достигна 1,76 милион долари на наддавање
Следна објаваFord со најдобра ноемвриска продажба во последните 6 години

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here