Renault ја враќа во живот спортската марка Alpine и за новото купе најавува каросерија и платформа што целосно ќе бидат изработени од алуминиум. Тоа гарантира врвни возни својства и перформанси на наследникот на A110.
Новиот модел на Renault Alpine ќе поседува комплетно алуминиумска носечка платформа и каросерија. Тоа го открива првата фотографија од идното купе којашто денес ја објави францускиот производител. Лесната шасија што посебно е развиена за Alpine претставува решавачка компонента за спортските возни својства и перформансите на идното француско купе.
Само мал број производители на автомобили користат алуминиум за каросеријата на своите модели. Обликувањето, монтажата и заварувањето на алуминиумот бара особени познавања, со коишто несомнено располагаат специјалистите на Alpine и на Renault Sport. Мотоспортот има повеќе од стогодишна традиција во Renault и има голем удел во имиџот на марката. Renault досега има освоено дванаесет конструкторски и единаесет возачки титули во формула 1. На тоа се надоврзуваат и многубројните успеси на историскиот Alpine A110 во светското рели.
Продажбата на новиот спортски модел на Alpine ќе стартува кон крајот на годинава. Првите 1955 примероци, коишто се изработуваат во францускиот Диепе, ќе бидат испорачани како ексклузивна серија под името „Premiere Edition“ – којашто веќе е распродадена.
[FAG id=27069]


















