Рено откри детали од електричната 4-ка пред дебито во Париз

Хоризонталните профилни линии во долниот дел од вратите на Рено 4 Е-Тек потсеќаат на заштитните облоги кај моделот од 1960-те.

Рено ги објави првите официјални слики од новиот Рено 4 Е-Тек, малечок СУВ со електричен погон, што ќе го доживее своето деби на салонот во Париз на 14-ти октомври.

Автомобилот е долг 4,14 метри, што е 10 сантиметри покусо од Каптур, популарниот малечок СУВ-модел Каптур што користи класичен погон.

Рено не откри технички подробности за новата 4-ка, но може да се очекуваат сличности со неодамна лансираниот сестрински модел, Рено 5 Е-Тек. Тој е достапен со избор од две големини на батерија, од 52 од 40 кВч, со тоа што во продажба прва оди изведбата со поголемата батерија. Досегот на 5-та изнесува околу 400 километри, односно 300 километри за моделот со помала батерија.

Исто како кај Р5, дизајнот на Р4 се повикува на оригиналниот модел со коцкеста силуета и висока практичност, што се продаде во милиони примероци до средината на 1990-те години.

Со доплата се нуди платнен покрив што се собира

Меѓу дизајнерските обележја што се преземени од оригиналот спаѓаат долгнавестата маска, сега со амблем со заднинско осветлување, како и задните светла со облик на пилула, трапезовидните крајни прозорци назад и платнениот поокрив што се собира. Профилните линии во долниот дел од вратите се по углед на заштитните облоги кај оригиналот.

Р4 Е-Тек ќе пристигне во салоните в година, соопшти Рено на 1-ви октомври. Нарачките се отвораат месецов за купувачи што оставија депозит од 150 евра, за правото први да уплатат за возилото. Од 14-ти октомври, нарачките ќе бидат достапни неограничено.

Крајниот заден прозорец на Р4 Е-Тек има трапезовидна форма, исто како оригиналот.

Рено 4 ќе се произведува во фабриката на групацијата во Мобеж, во северна Франција. Цените уште не се објавени, но за споредба, Рено 5 се рекламира како електричен автомобил со цена под 25.000 евра што во целост потекнува од европска продукција. Поевтините изведби на Р5 сепак ќе бидат достапни дури в година.

Меѓу конкурентите на Р4 се Ситроен е-Ц3 Еркрос и Опел Фронтера Електрик, но исто така идната Киа ЕВ3 и целосно електричната изведба на Џип Авенџер. Во истиот сегмент спаѓаат и електричните СУВ-модели Опел Мока-е и Пежо е-2008.

На салонот во Париз, Рено ќе прикаже голем број концепти покрај 4 Е-Тек, вклучувајќи го доставното возило Естафет и современа изведба на легендарното купе Рено 17.

Видеото од тестот на електричниот Рено Меган Е-Тек

Претходна објаваШефот на Ролс-Ројс цени дека хибридите не можат да го постигнат „ветрецот“ што е својствен за марката
Следна објаваШкода Елрок, електрична и со цена споредлива со бензинец

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here