
Додека целата автомобилската индустрија е пренасочена кон хибридни возила, поради тоа што побарувачката за батериски електрични возила не ги исполни високите очекувања, ситуацијата е сосем различна кај еден производител.
Новиот извршен директор на Ролс-Ројс, Крис Браунриџ, кажа дека марката нема да ги жртвува „ветрецот и лесната сила“ што се одлика на врвните модели во понудата на британската марка.
„Хибридот не е нешто што го имаме предвид,“ порачува Браунриџ, поради тоа што хибридот не може да ги исполни тие својства.
Строгите закони за штетна емисија во Азија и Европа, како и загриженоста на милионерите околу нивното влијание врз животната средина, содаваат неизвесност околу натамошниот опстатнок на моторите Ве-12, што најексклузивната автомобилска марка ги вградува речиси еден век.
Поради тоа, Ролс-Ројс за следниот век се колне во електрони, место во фосилни горива.
Марката соопшти дека има намера до завршетокот на 2030 година да премине на целосно електрична понуда од модели. Од 2031 година натаму, моторите со внатрешно согорување заминуваат во пензија. Ролс-Ројс трикратно ќе ја зголеми својата понуда од возила до завршетокот на 2028 година. Доаѓаат кросовер во полна големина и долга лимузина.
Браунриџ сепак напомена дека британската марка ќе ги остави отворени опциите околу видовите погон.
„Подготвени сме да преминеме на целосна електрика до 2030, но нашите клиенти ќе нé водат,“ изјави Браунриџ за Аутомотив Њуз, на настанот во Ролс-Ројс што се одржа на 25-ти септември.
„Различни региони ширум светот ќе напредуваат со различна брзина во поглед на нивниот избор на погонски единици,“ кажа тој. „Поради тоа е важно да можеме да ги вдомиме сите опции.“
Првичните резултати покажуваат дека влогот во ЕВ ветува многу. Побарувачката за првиот модел на Ролс-Ројс со целосно електричен погон е висока.
Времето на чекање за испорака на купето Спектре во САД во почетокот достигнуваше и по 18 месеци. Тоа сега е скусено на околу шест месеци, односно нешто подолго од една година за изработка по посебни нарачки.

Спектре располага со два електромотори со моќност од 585 КС и спринтува до 60 милји на час (96 км/ч) за 4,4 секунди. Батеријата од 102 кВч обезбедува ниско тежиште и досег од 425 километри според реалните ЕПА-мерења.
„Тој погон ги нагласува својствата на Ројс-Ројс,“ кажа Браунриџ. „Имам силна верба во иднината, и што и да побараат клиентите, ние можеме да исполниме.“
Квалитети во возење
Спектре на друг начин ја обезбедува иднината на Ролс-Ројс. Електричните возила се главен двигатeл на бизнисот на марката со изработки по посебни нарачки, каде што соништата се пренесуваат на патиштата.
Клиентите имаат побарано посебна изработка кај околу 75 до 80 проценти од раните нарачки за електричното купе. Просечната цена на примерок достигна 550.000 долари, што е за 30 проценти над цената на основната изведба.
Бизнисот со посебни нарачки на Ролс-Ројс, каде што моделите од стандардно производство се претвораат во уникатни дела, добива стратешко значење за производителот на егзотични автомобили, што во минатата година продаде само 6.000 возила.
„Нашата цел не е да ја зголемиме продажбата,“ вели Браунриџ. „Наша цел е да ја зголемиме вредноста за нашите клиенти.“
Северна Америка има најголем удел во прометот со возила по посебна нарачка, односно тој изнесува околу една третина. Едно од секои три возила на Ролс-Ројс што се продаваат во тој регион, се изработуваат по посебни барања. Овие нарачки обично чинат 20 проценти над цената на основниот модел. Секако постојат и возила што се двојно и тројно поскапи од почетната вредност.
Ројс-Ројс неодамна отвори студио за дизајн во трендовскиот реон Митпакинг на Менхетен, за да се засили бизнисот со изработка по посебни барања.
Студиото во Њујорк е раскошен простор на површина од преку 550 метри квадратни, со простор за разговори, кујна и тераса со поглед на Челси и на реката Хадсон во заднина.
Ројс-Ројс очекува дека новата база во следните две години ќе го зголеми прометот со изработка по специјална нарачка во Северна Америка за 30 проценти.
Слични студија се отворени во Дубаи и во Шангај, каде што клиентите можат да ја нарачаат најексклузивната изработка на возило во мануфактурата во на Ролс-Ројс во Гудвуд, Англија. До завршетокот на годинава ќе почне работи четвртото студио, во Сеул, Јужна Кореја.
„Не може секој клиент да дојде во Гудвид,“ објаснува Браунриџ. „Поради тоа, Гудвуд сега доаѓа до клиентите.“
Од клиентите може да се очекуваат секакви барања. Браунриџ кажува за пример, кога клиент нарачал каросеријата на возилото да се совпаѓа со бојата на очите на неговиот пес, а внатрешноста да биде како крзното.
Меѓу најскапите изработки спаѓаат Фантом Синтопиа, вреден преку 3 милиони долари, со потпирачи за глава што испуштаат мирис, како и уникатен Калинан со внатрешност обложена со седеф.















