Во следните три години францускиот гигант очекува да го презеде второто место на Ford во продажбата во Европа. Разликата со актуелниот број 3, германскиот Opel, се стеснува сé повеќе.
До 2017 година, растот на продажбата на моделите на Renault може да ѝ го донесе второто место на француската марка во продажбата на автомобили во Европа. Моментно, марката Renault расте со поголем интензитет во споредба со конкурентите Opel и Ford, на третото и на второто место, благодарение на популарноста на новите модели, особено на малечкиот кросовер Captur.
Во последните пет месеци продажбата на Renault се зголеми за дури 12 проценти, со 363.363 возила, додека порастот кај Opel изнесува само 7 проценти. Разликата во петмесечната продажба меѓу двете марки се стесни на 15.228 возила. Во истиот период лани, разликата беше двојно поголема, со околу 28.000 возила.Актуелниот број 1, Volkswagen, со продажбата до мај достигна 684.527 возила (+3%), додека Ford е на 424.317 возила (+7%).
Успехот на Captur се чини го изненади и самиот Renault. Французите првично планираа годишна продукција од 150.000 примероци од кросоверот, а сега се размислува планот да се коригира за дополнителни сто илјади примероци, на 250.000 возила. Купувачите на Clio му остануваат верни на моделот, што кој и натаму е најпродаван модел на Renault, што укажува на фактот дека француската марка ги привлекува купувачите од конкурентските марки, како најголем успех во конкурентската битка. Со 66.231 возила до мај, Captur е втор најпродаван модел на Renault.