за ,

Renault продаде 10.000 примероци од електричниот Kangoo

Француската марка одбележа јубилеј на салонот во Франкфурт. Од крајот на 2011 година во Европа се продадоа 10.000 примероци од Kangoo со погон на батерии.

Јубилејното возило е предадено на Германската Железница, која што ќе го вклучи Kangoo Z.E. во својот возен парк. Според актуелната продажна статистика за оваа година, секој десетти продаден примерок од Kangoo во Европа вози на струја.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Hyundai отвори тест центар во Нирбургринг

Jaguar Land Rover инвестира 1,5 милијарда фунти во алуминиум