за

Ребека Рајнерман ќе менаџира со маркетингот на Opel

Ребека Рајнерман доаѓа во Opel на местото на Патрик Фурнио, кој преоѓа да раководи со маркетинг комуникацијата на сите марки во рамките на концернот Stellantis во Европа.

Opel добива дама да раководи со маркетингот на единствената германска марка во концернот. Рајнерман доаѓа од местото на оперативна директорка во Fiat/Abarth, каде што е одговорна за германскиот, австрискиот и полскиот пазар.

Од 1-ви јануари, Ребека Рајнерман ќе рапортира за сите случувања во маркетингот пред извршниот директор на Opel, Флориан Хуетл. Таа во моментов е оперативна менаџерка за Fiat и Abarth во Германија, Австрија и Полска, позиција на којашто е одговорна од мај 2021 година.

Рајнерман има повеќе од 15-годишно искуство во автомобилската индустрија, со работни позиции во Toyota, Hyundai и Fiat Chrysler, во развојот на марката и на производите, во комуникацијата и во односите со клиентите.

Патрик Фурнио стана директор за менаџмент на Opel во април 2020 година. Тој претходно има работено како менаџер во Toyota, Renault и во Volkswagen Group.

Opel и Vauxhall до ноември продадоа 384.938 автомобили во Европа, што одговара на удел од 3,9 проценти од пазарот.

Шампионка во спринт и десетобоец главни ликови во рекламите за Opel Astra

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot Inception Concept меѓу главните атракции на ЦЕС во јануари

Citroen има посебна улога во филмот „Астерикс и Обеликс: Средното Царство“