за

Citroen има посебна улога во филмот „Астерикс и Обеликс: Средното Царство“

Citroen вели дека тоа е спој меѓу две легенди на француската култура: Возило со знак Citroen од римско време и филмскиот серијал за непобедливите Астерикс и Обеликс.

Историските модели на Citroen имаа бројни сцени во филмот „The French Dispatch“, на Вес Андерсон, а сега следи уште една улога за француската марка автомобили. Во новото продолжение на серијалот за „Астерикс и Обеликс“, повторно се појавува модел на Citroen – во римско време, со мајсторска доза хумор како што доликува за серијалот.

Citroën уште еднаш докажува дека е марка што отстапува од шемата и во сорботка со продуцентите Pathé, Trésor Films и со Editions Albert René, ја создаде првaта „концептна кочија“, во којашто се препознаваат форми на незаменливиот 2CV. Филмската екипа на „Астерикс“ за целото време на снимањето имаше на располагање возен парк од 10 електрични и хибридн модели на Citroën. Тоа е првпат електрични автомобили да се користат за блокбастерот.

Производителот на автомобили од Поаси нагласува колку марката Citroen и светот на Астерикс се составен дел од француската историја. Дел од соработката опфати и посебно лого: Шевроните во овална рамка ги добија крилата од шлемот на Астерикс.

Филмот „Астерикс и Обеликс: Средното Царство“ (оригинал ASTERIX ET OBELIX : L’EMPIRE DU MILIEU) режиран е од Гијом Кане и ќе почне да се прикажува во Франција на 1-ви февруари. Кусо потоа ќе почне и прикажувањето ширум светот.

Делот на Citroën во соработката опфати дизајнирање и изработка на концептна кочија, посебно за филмот. Кочијата беше подготвена за користење по само три месеци

Citroen 2CV го препознаваат на секоја страна на светот и дел е од француското културно наследство. Во филмот, автомобилот го претставува францускиот начин на живот. Комфорот, технологијата и впечатливиот изглед се обележје на концептната кочија, исто како на секој автомобил што го носи знакот на Citroen. Во духот на филмскиот серијал, и во автомобилот има доза хумор: Амортизацијата е изработена од свински стомак, светлата се изработени од галски шлемови и работат со светулки опиени од волшебната напивка, тркалата се изработени од рециклирани штитови, и секако, носат знак на Citroën.

Пред да заминат за Кина, Сетеаутоматикс му ја подарува кочијата на Обеликс, за патувањето да биде лесно. Кога Римјаните пристигаат во Кина, на влезот во земјата ги пречекува билборд со најдобриот автомобил во тоа време – 2CV, влечен од два коња. Тоа е убава алузија на прочуениот рекламен спот на Citroën, што беше снимен на Кинескиот Ѕид, во времето кога во земјата постоеја ограничувања од секаков вид.

На шлемот на Астерикс, исто така се забележува логото на Citroën

Возниот парк од 10 електрични и хибридни автомобили се состоеше од: 3 ë-C4, 3 C5 Aircross PHEV, 2 ë-Spacetourer, 1 Ami и 1 ë-Jumpy. За снимањето во Бри на Марна и Бретињи сур Орж беа поставени и полначи од страна на Citroën.

Првиот филм за Астерикс е снимен во 1967 година (Asterix the Gaul). До денес, серијалот опфаќа 15 филмови, со 25 милиони гледачи во Франција и над 70 милиони гледачи во светски рамки.

Патувањето на Астерикс и Обеликс до Кина е слично со мисијата на Citroën во Централна Азија, наречена и „жолто крстосување“. Мисијата траела од 4-ти април 1931 до 12-ти февруари 1932 година, со цел да се поврзат Бејрут со Пекинг. Тоа била трета експедиција од таков вид, по иницијатива на Citroën, по мисијата низ Сахара и по Црната Експедиција.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ребека Рајнерман ќе менаџира со маркетингот на Opel

Жирито на Autobest го избра Renault Austral