за

Peugeot Inception Concept меѓу главните атракции на ЦЕС во јануари

Нов дизајн, но и комплетно нов начин на ракување, се главните најави за автомобилот Inception Concept, што Peugeot ќе го прикаже на големото шоу во Лас Вегас во почетокот на годината.

Карлос Таварес, првиот човек во концернот на Peugeot и Fiat ќе одржи поздравен говор на најголемиот настан во светот на потрошувачката електроника, ЦЕС во Лас Вегас, што во последниве години прерасна и во една од главните бини за автомобилски премиери. Шоуто, меѓу другото, му доделува толку голема чест на Таварес, поради Peugeot Inception Concept. Светот допрво ќе го види тоа што марката со лавот го има подготвено, како најава за дизајнот на идните модели и новиот концепт на внатрешност.

Помал спектакл во Лас Вегас од тој што го приреди Peugeot Instinct Concept во 2017 година во Женева, не може да се очекува, тоа е јасно однапред. Поголем спектакл, тоа е многу поверојатно. Французите со лавот најавуваат нов концепт на првиот голем настан што ја прославува напредната технологија и нејзината достапност до купувачите, тоа е шоуто на потрошувачка електроника во Лас Вегас.

На 5-ти јануари, светот првпат ќе го види возилото со коешто Peugeot ја почнува новата генерација модели, што сосем природно ќе прикаже нов дизајн, но и ново ракување. Уште е голема тајноста и околу изгледот и околу најавениот нов начинот на којшто се ракува со функциите во возилото. Од тоа што може да се улови од 15-те секунди видео-најава, во надворешноста ќе има многу повеќе „светло“ и многу повеќе светлосни ефекти, со печат на напредна технологија, секако.

Еден детал се издвојува во секундата што го прикажува кокпитот. Осветлена триаголна плочка со знакот на лавот е поставена на основа некаде под средишниот дисплеј. Прашање на коешто ќе го чекаме одговорот при премиерата е дали тој „детал“ е темелот на најавеното рецолуционерно ракување со кокпитот во идните модели на Peugeot. Можно е тој „командер“ со ротирање и со движење во сите правци да служи за движење низ менито и за избирање на функциите. Тоа би било уште еден мошне храбар чекор на Peugeot, особено откако успеа i-Cockpit да го воведе уште пред подолго од деценија како стандард во својата гама, и да го унапредува низ сиве години, до денешното негово издание во 308.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Хибриден Peugeot 308 цела планина качува на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen и Toyota главни во ноемврискиот раст од 17% во продажбата во Европа

Ребека Рајнерман ќе менаџира со маркетингот на Opel