за

Range Rover Sport е рекордер на Пајкс Пик

Новиот рекорд за спортски теренци од сериско производство на легендарниот Пајкс Пик му припаѓа на Range Rover Sport. Тој искачи 2.860 метри за 12 минути и 35,61 секунди.

Благородниот теренец ја извозе патеката долга 19.99 километри, со 153 свијоци до целта на 4.300 метри надморска височина, со просечна брзина од 95,23 km/h. Секако дека за рекордот послужи најсилната моделска верзија на Range Rover Sport, со петлитарски мотор со механички компресор и 510 КС. Возилото се разликуваше од стандардната верзија само во безбедносните уреди кои што се пропишани за мотоспортот, односно ролбар и ремени со четири точки. Зад воланот беше американскиот тркач и каскадер Пол Даленбах, кој има победувано три пати на Пајкс Пик во генерален пласман и шест пати во класата.

Рекордот на Пајкс Пик е почеток на низата обиди за поставување рекорди кои што му претстојат на Range Rover Sport. Сите овие обиди ќе се овековечат во серија документарни филмови под наслов “The Driven Challenges”

Трката во Пајкс Пик е втора најстара мотоспорт манифестација во САД. Од првата трка во 1916 година, на планината во Колорадо победувале најславни имиња во мотоспортот во САД, како Марио Андрети, Боби Анзер, Рик Кирс и Ал Анзер, исто како и рели легендите Мишел Мутон, Ари Ватанен, Пер Еклунд и Стиг Бломквист. Апсолутниот рекорд на Пајкс Пик моментно изнесува 9 минути и 46,164 секунди, кого минатата година го постави Рис Милен од Нов Зеланд, со модофицирана верзија на Hyundai Genesis Coupe.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Само во малечките автомобили се гледа добро

Лимузинскиот Civic со промотивен попуст од 1.000 евра