за

Qoros 3 Sedan: Прв Кинез со пет ѕвезди за безбедност

Списокот на кинески автомобили што се посрамотиле на краш тест е долг. Qoros е првата марка што ја прекинува оваа лоша традиција. Кинеската лимузина ги постигна максималните пет ѕвезди.

Марката Qoros пишува автомобилска историја уште пред да стартува продажбата. Тоа е првата кинеска марка чиј што автомобил освојува максимум од пет ѕвездички на краш тестот на Euro NCAP. Компактната лимузина ја докажа безбедноста во сите четири подрачја на тестирање, односно заштита на возрасни патници и на деца, заштита на пешаци и системи за асистенција. Со тоа, новодојденецот на автомобилската сцена се покажува далеку подобар од Brilliance BS4, кој во 2009 година доби нула ѕвезди. На неславниот список се наоѓа и семејниот ван Landwind CV9, кој тестот во 2010 година го заврши со само две ѕвезди. Уште многу други кинески марки и модели се наоѓаат на овој список, и исто толку марки не успеаја да се пробијат на европскиот пазар. Секако дека ова правило не важи за сите автомобилски марки од Кина.

qoros 2

Qoros има добри изгледи да успее на европскиот пазар, иако официјалниот старт на продажбата уште не е потврден. Според плановите, марката ќе стартува во Европа во 2015 година, со модели со ниски цени, богата опрема и модерна техника. Во тимот на Qoros се наоѓаат повеќе докажани експерти во браншата, на пример поранешниот дизајнер на Mini, Герт Фолкер Хилдебрант, како и поранешниот човек од Volkswagen, Фолкер Штајнвашер.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Коњите се посилни во новиот BMW M3

Alfa Romeo 4C вози за 53.000 евра