Првите возила од новата кинеска марка Qoros пристигнаа на европска почва и ќе стартуваат со пробна продажба на словачкиот пазар, за потоа да следуваат и другите земји.
Со комплетна опрема и бензинец со турбонатполнење и 156 КС, во комбинација со шестстепен менувач со двојна спојка, цената за Qoros 3 во Словачка ќе изнесува околу 21.000 евра. Словачка е тест пазар за Европа, со план да се тестира како публиката ќе реагира на возилата од новата кинеска марка. Класичните лимузини од компакт класата имаат долга традиција на одлична продажба во Словачка, па оттаму и пазарот е избран за тестирањето на реакцијата.
Другите поголеми пазари во Европа ќе стартуваат со марката Qoros дури во 2015 година, а дотогаш ќе се воведат и други модели во понудата на марката. Последен пат Qoros го привлече вниманието на публиката со одличните резултати на краш тестот на Euro NCAP, каде што претходниците Briliiance и Landwind не минаа славно. Поради силнити критики за безбедноста, овие две марки мораа да се откажат од своите планови за етаблирање на европскиот пазар.