Мерцедес во април го престигна БМВ продажбата на германскиот пазар

Пазарот на нови автомобили во Германија забележа благ раст во април, но меѓу марките има големи скокови и падови.

Мерцедес-Бенц Е-Класа Т-Модел

По одличната продажба во првото тромесечје, германскиот автомобилски пазар подзабави во април. Додека продажбата во првите три месеци порасна 5,2 проценти во споредба со лани, во април следеше раст од само 2,7 проценти.

Меѓу марките се случија големи разместувања. Мерцедес-Бенц го престигна БМВ и се врати на второто место. Шкода постигна впечатлив раст од преку 12 проценти, но тоа беше доволно само за четвртото место. Од почетокот на годинава, чешката марка ја зголемила продажбата во Германија за преку 21 проценти.

Повеќе од Шкода, од марките во водечката десетка, во првите четири месеци постигна само Фиат, чијашто продажба напредувала за 35,5 проценти. Одлично се држи Опел со 28 проценти. Но, двата производители позабавиле во април. Опел постигна раст од само 6,6 проценти, додека Фиат е десетина проценти под ланскиот април.

Форд продолжува да паѓа

Форд и во април загуби од пазарот што го имаше во истиот месец лани. Сеат продаде 14 проценти помалку возила, додека кај Форд, падот надминува 18 проценти. Нема подобрување ниту во досегашниот тек од годината. Форд изгуби преку 10 проценти од некогашниот пазар.

Проблемот на Форд е тоа што има недостиг од модели. Дополнителен товар за европскиот огранок на производителот од САД е тоа што пазарот слабо ги бара електричните автомобили на Форд, коишто се само препакувана техника на електричните модели на Фолксваген, што инаку се продаваат одлично.

Кинеските марки освојуваат пазар

Кинескиот производител БИД во април ја зголеми продажбата во Германија трипати и се искачи од 25-то на 16-то место. Липмотор, кинескиот партнер на Стелантис, ја зголеми продажбата за преку 330 проценти. Во споредба со БИД и Липмотор, кинескиот МГ има послаб раст, со само 61 проценти.

Кај Порше има пад во продажбата од дванаесет проценти, што во одредена мера доаѓа од отсуството на 718-ките, но и на престанокот со продажбата на бензинските изведби на Макан во ЕУ.

Киа ПВ5 · Тест · Електричниот погон е друг свет кај доставните возила

Претходна објаваКолку време работиме за еден литар дизел?
Следна објаваШкода закажа премиера за електричниот и достапен Епик на 19-ти мај

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here