Колку време работиме за еден литар дизел?

Просечната плата во Македонија според последните податоци изнесувала 46.159 денари. Литар дизел на 8-ми мај чини 90.50 денари. Колку време е потребно да поминеме во работа, за да заработиме за 1 литар дизел?

Цените на горивата станаа редовна тема, со случувањата во Иран, и сите последици што произлегуваат од вечната поврзаност меѓу војните и нафтата, барем во последниве децении. Уште е голема неизвесноста, како во иднина ќе се движат цените на горивата и снабдувањето воопшто, но мора да се работи.

Годинава, со сите празници и поврзани викенди, македонските граѓанки и граѓани имаат 250 денови за работење. Со осумте часови дневна работа, тоа значи дека ќе минеме вкупно 2.000 часови на работното место. На крајот, излегува податок дека тоа се 7,2 милиони секунди во годината.

Дизелот во земјава е владеечко погонско гориво, односно се троши петпати повеќе во споредба со бензинот. Дизелот е воедно и поскапото гориво денес, сосем спротивно од состојбите до скоро, кога народ без двоумење посегнуваше по автомобили со дизел мотор.

Литар дизел според ценовникот на вебсајтот на Макпетрол, денес на 8-ми мај 2026 година, чини 90,50 денари, наспроти бензинот што се точи за 83 денари за литар. Затоа, дизелот се избира за овој пример.

Под крајната црта, македонските работнички и работници, во просек заработуваат 4,6159 денари по минута. Тоа се добива при раководење според податоците на Заводот за статистика, за просечна плата од 46.159 денари во февруари годинава.

Колку минути тогаш ни вреди работењето, за да заработиме за 1 литар дизел?

Заокружено, 20 минути. За еден час, заработуваме три литри дизел. Тоа се чини доволно. Но, горивото е само еден од трошоците. Еден литар дизел, патем, со хроничниот метеж по македонските улици, се согорува за едно враќање од работа дома.

Претходна објаваКиа Ексид го заокружи обновувањето на моделската гама
Следна објаваМерцедес во април го престигна БМВ продажбата на германскиот пазар

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here