Шкода воведува трет целосно електричен модел во својата понуда и веројатно најважен од сите претходно стартувани модели, затоа што погодува во најчувствителното подрачје на автомобилите, во цените. Чешката марка се надева на успех од епски размери за својот Епик, модел што без субвенции ќе стартува од околу 26.000 евра на големите европски пазари.
Електричното поглавје одамна не е новина за Шкода, а не е ниту подрачје во коешто вредната марка на Фолксваген треба допрво да се пробива. Ениак, компактен СУВ со големина споредлива со Карок, а како што наведува Шкода, и модел што чини слично со Карок со иста моќност и опременост, во првото тромесечје се продаде во 29.700 примероци. Со тоа, Ениак стана 5-ти најпродаван модел на Шкода, по Октавија, Кодиак, Камик и Фабија.
Со 22.100 примероци, одлично се држи и „првенчето“ Кодиак, во двете каросериски изведби. Шкода, и самиот Фолксваген, веќе имаа модели во ценовното подрачје што наскоро ќе го покрива Епик, со триото Волксваген е-ап, Шкода Ситиго и Сеат Мии Електрик. Пазарот ги сакаше малечките и способни електрични минија, но добивката на нив беше мала.
Денес важат сосем други стандарди. Шкода Епик е дел од новото стратешко поглавје во електромобилноста на Фолксваген, со четири достапни модели, со цени почнувајќи од околу 25.000 евра.
Фолксваген ИД Поло неодамна имаше премиера, Купра Равал стартуваше уште пред тоа, наскоро доаѓа Епикот, а по него и вториот ЕВ на матичната Фау Ве, малечкиот СУВ-модел ИД Крос.
Шкода Епик е малечок СУВ со должина од 4,1 метри и багажник од 475 литри. Досегот во најспособната изведба со батерија од 55 кВч, изнесува 430 километри.
Техниката дозволува брзо полнење. На доволно силен полнач, Епик ќе наполни до 80% за 23 минути, постигнувајќи моќност од 133 киловати.
Шкода цели својот Епик да го постави како алтернатива на Камик, вклучувајќи ја цената.
















