Љубителите на екстремните моделски изведби на Porsche наскоро ќе имаат уште една причина за радување. Германците ја патентираа ознаката GT5, околу моделот што ќе ја понесе уште се шпекулира.
Кога модел на Porsche дополнително ги носи буквите GT во ознаката, јасно е дека се работи за моделска верзија којашто носи, но и ги користи гените на тркачко возило. На Porsche 911 GT3 и 911 GT3 RS, 911 GT2 и Cayman GT4 наскоро може да им се прудружи уште еден член. За разлика од постоечките модели, чијашто дополнителна ознака се поврзува со тркачки шампионати – GT2, GT3 и GT4 – петтиот „гран туризмо“ нема соодветна тркачка серија. Засега може само да се претпоставува кој модел во понудата на Porsche ќе ја добие ознаката GT5. Најголема е веројатноста новиот GT да се придружи во моделската понуда на актуелниот продажен хит на марката, спортскиот теренец Macan, односно во гамата на спортската лимузина Panamera.
Porsche ја патентирал ознаката GT5 уште во 2014 година, заедно со ознаката GT4. Дали се работи за чекор „за секој случај“ или за кокретни планови на Porsche за уште една брза верзија, ќе се знае наскоро, веројатно уште во септември, на салонот во Франкфурт.
















