Полицијата во Јужна Кина сопрела миниван што превезувал 51 патник. Вакви екстремни видови на превоз стануваат редовна појава по кинеските улици.
Порано светот се смееше на вицеви од типот – тројца Кинези свират на еден контрабас. Бројката во меѓувреме се промени драстично. Денес, 51 Кинез се превезуваат во еден миниван. Полицијата во Јужна Кина запрела ван којшто возел пребавно. Имало и причина за тоа! На објавеното видео се гледа како во забрзана снимка од возилото регистрирано со шест седишта излегуваат дузини и дузини патници. Кинеските медиуми наведуваат дека ваквите случаи не се толку ретки. Илегални такси возачи често качуваат премногу патници во своите возила, со цел да го зголемат профитот.
Сличен пример беше регистриран пред четири години, кога полицијата во кинескиот град Чианан 64 ученици во миниван во Кина во него. Полицијата исто така го запрела ванот поради пребавно возење, мислејќи дека станува збор за занаетчија што го претоварил своето возило. Учителот исто така се наоѓал внатре. Во возилото биле вградени тесни дрвени клупи, заради превоз на колку е можно повеќе патници.
https://youtu.be/L2J1-R0smVc
















