Најсилниот Porsche Cayenne извозе рекорден круг чисто за забава

porsche turbo cayenne turbo s e-hybrid rekord
porsche turbo cayenne turbo s e-hybrid rekord

Porsche Cayenne Turbo S E-Hybrid, како најсилна изведба во моделската серија на големиот СУВ, очигледно му приреди одлична возачка забава и на тимот сниматели на рекламното видео за моделот. Брзиот СУВ со своите системски 670 КС постави рекорд на еден недовршен пат во Шведска.

Нема простор за сомнеж околу способноста на Porsche Cayenne да извози брзо и по асфалт и надвор од асфалт. Најсилната моделска изведба на големиот СУВ, со хибриден погон и системски 670 КС, го извозе Готланд Ринг во Шведска за време од 3:51 минути. „Рингот“ уште е во фаза на изградба и Cayenne дел возеше по асфалт, а дел по земја. Рекордот, патем, никој нема да го собори, затоа што обиколницата наскоро ќе биде целосно под асфалт.

Целиот овој подвиг се случуваше за време на снимањето на рекламното видео за најсилната моделска изведба на Cayenne. Зад воланот се најде Тим Шрик, познат германски тркач и водител на неколку тв-емисии од подрачјето на автомобилизмот.

Хибридниот Cayenne возеше со стандардните гуми и без какви било промени во подвозјето. Во продолжение, видео од тркачката авантура на Turbo S E-Hybrid по обиколницата и по моментните 3,2 километри под асфалт и 4,2 километри што уште го чекаат завршниот слој.

https://youtu.be/WFBIY8mEmD8

Со Porsche до Галичник: Знаат ли овие автомобили за ограничувања?

Претходна објаваОвој Mercedes V-Class вози на струја и никој нема слушнато за тоа
Следна објаваИнспектори во BMW зашто шефовската смена не била најавена навреме

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here