Овој Mercedes V-Class вози на струја и никој нема слушнато за тоа

Mercedes EQV
Mercedes EQV

Mercedes EQV или електричната изведба на V-Class е првиот голем ван од премиум марка што вози на батерија. Досегот е над 400 километри, моќноста е 204 КС, но пак никој нема да слуша за овој ван – зашто погонот е нечуен.

Пролетоска EQV уште беше во фаза на концепт, кога Mercedes првпат го прикажа електричниот ван на база на V-Class на салонот во Женева. Половина година подоцна, тој ќе има светска премиера како сериски автомобил на салонот во Франкфурт, во септември.

Досегот изнесува 405 километри, а за освежување на батеријата се потребни помалку од 45 минути, при користење брз полнач и до 80% од капацитетот. Електричниот погон дополнително го нагласува комфорот на V-Class, Mercedes спомнува и врвна приспособливост. Може да се избере и изведба со продолжено меѓуоскино растојание.

https://photos.app.goo.gl/hxdge9XVKBefyLzt6

Производството ќе се одвива на иста лента со V-Class и Vito во фабриката на Mercedes во Виторија, Шпанија.

Приклочокот за полнење се наоѓа во предниот браник. Електромотор со 150 kW, односно 204 КС испорачува моќ до предната оска. Целата погонска спрега, односно електромоторот, преносникот, системот за ладење и контролната електроника, вградени се во заедничка единица. Батеријата од 90 kWh е во подот, кадешто со ниската положба придонесува и за намалување на тежиштето на целото возило, а со тоа и врз возните својства. Крајната брзина изнесува 160 km/h.

https://photos.app.goo.gl/6wZhT6QZqrcMKx7x6

Секако дека во електричниот ван функционира и MBUX, со фамозниот начин на користење во стилот на „Еј, Мерцедес!“ На дисплејот се прикажуваат вообичаените информации за електричните возила. Посебност при возењето се двете дополнителни рачки зад воланот, со коишто возачот одредува колкаво да биде „електромоторното“ сопирање во моментот, односно со колкав интензитет да се полни батеријата при забавувањето. Со левата рачка се избира посилно забавување, со десната послабо. На тој начин, често ќе може да се вози и само користејќи го педалот за забрзување, без потреба од притискање врз сопирачките.

https://photos.app.goo.gl/XjvxnfT7ZfKhdnnN6

Mercedes како Mercedes, за своите идни корисници на EQV има обезбедено пристап до повеќе од 300.000 полначи од преку 300 оператори шорум Европа. Секако може да се користат и супербрзите полначи на Ionity, мрежата што заеднички ја развија Daimler, BMW, Ford и Volkswagen. Цената за моделот ќе биде позната по премиерата во Франкфурт.

Технички податоци · Mercedes EQV

Емисија CO2

0 g/km

Потрошувачка на струја

27,0 kWh/100km

Досег

405 km

Полнење на обичен почнач (AC, 11 kW)

< 10h

Полнење на брз полнач (DC, 110 kW)

10-80 % SOC за < 45 Min.

Погон

Напред

Моќност

150 kW (204 КС)

Вртежен момент

362 Nm

Крајна брзина

160 km/h

Батерија

Литиум јон

Инсталиран капацитет на батерија

100 kWh

Корисен капацитет на батерија

90 kWh

Должини

5140 mm, 5370 mm

Меѓуоскини растојанија

3200 mm, 3430 mm

Багажник

1030 L

Дозволена тежина

3500 kg

 

https://www.instagram.com/p/B1Y6StDHL7w/

„Е“ е новото „Д“: Хибриди во гамата на Mercedes A-Class

Претходна објаваKia и нејзините 12 училишта изградени во Африка
Следна објаваНајсилниот Porsche Cayenne извозе рекорден круг чисто за забава

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here