
Porsche ги смени плановите. Pajun првично се најавуваше за в година, но се одложи. Смалената верзија на Panamera ќе добие погон на струја и ќе биде конкурент на Tesla.
Место да биде само смалена и поевтина верзија на Panamera, идниот Pajun ќе пристигне како автомобил со чисто електричен погон. Швабите првично планираа новиот модел да го воведат во понудата веќе в година, но плановите сега се сменија. Pajun ќе се појави најрано во 2018 година, кога Porsche очекува батериската техника да напредува до ниво што ќе овозможи автономија до 400 километри. Електричниот автомобил на Porsche ќе има значително помали димензии од Panamera и во голем дел ќе користи компоненти од постојните модели на куќата.
















