за

Porsche Macan ќе чини 50 000 евра

Во ноември, Cayenne ќе добие братче, Macan е неговото име. Основата потекнува од Audi, но Porsche додава и неколку свои специјалитети

Малиот брат на Cayenne ќе вози со многу посилни мотори од оние што се вградуваат во донаторот на платформата, спортскиот теренец Audi Q5. На почетокот на продажбата во ноември, ќе може да се избира меѓу три мотори. Најслабиот е дизел со 245 КС, по него следуваат двата бензинци, едниот со 340, другиот со 400 КС. Сите мотори се шестцилиндарски во V и ја црпат моќта од работна зафатнина од три литри. Во 2015 година во понудата ќе се воведат послаби и поевтини моделски изведби со четирицилиндарски дизел и бензинец.

Моторите во основата потекнуваат од Audi, но дополнително се оптимирани за вградување во спортската марка. Во Audi Q5, дијапазонот на моќност се движи меѓу 143 и 313 КС. За разлика од Q5, Macan ќе се нуди само со погон на сите тркала, а преносот на сила ќе се врши преку седумстепени менувачи со двојна спојка. На списокот на дополнителна опрема ќе се наоѓаат ексклузивни ставки од типот на пневматска амортизација или врвно аудиофилско озвучување од Burmester. Цените ќе стартуваат од 47.500 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Правосмукалка во опремата на Honda Odyssey

Тест · Volkswagen Golf 2.0 TDI Highline