Porsche во понеделникот ги постави темелите за својот седми центар за клиенти. Тој се гради на патеката Хокенхајмринг, отворањето е планирано за следната есен
Во понеделникот (22.10) беа поставени темелите за седмиот Porsche Experience Center. Како локација за изградба на новата патека, којашто ќе биде наменета за возачко усовршување и за уживање за „усовршените возачи“ е избран познатиот Хокенхајмринг, во Германија. Сопствената патека на Porsche ќе биде поставена во рамките на постоечката гранпри-патека. Сопствениците на автомобил Porsche ќе можат да ги направат првите возења во новиот центар за доживувања во последниот квартал од следната година. Вкупната површина на градбата покрива 160.000 метри квадратни.
Центарот за доживувања во рамките на Хокенхајмринг всушност ќе опфаќа повеќе патеки и полигони за одржување најразлични видови и степени на возачки тренинзи. За искусување на возната динамика во различни услови, идните корисници на центарот ќе можат да возат по 2,7-километарска патека со сложен профил. На оваа таканаречена хендлинг патека или патека за управливост ќе бидат поставени различни динамички модули, односно површини под вода, симулатор на странично лизгање и три кругови.
Имајќи предвид дека повеќе од половината од продажбата на Porsche моментно отпаѓа на СУВ-моделите, нормално е што на Porsche Experience Center Hockenheimring се гради и посебен парк за теренско возење. Тој ќе покрива површина до 5.200 метри квадратни и ќе поседува 16 единечни модули, коишто ги претставуваат вообичаените теренски пречки, како и нагорнини до 70 проценти, екстремно странично наведнување, возење преку карпи, преку канали, или возење преку дрвени стебла, поставени надолжно и попречно.
Во централната зграда на три катови ќе бидат изведени боксовите, во коишто воедно ќе се врши и предавање на возилата на клиентите. Ресторан, кафуле и деловни простории се подразбираат.
Кавалкада на Porsche го полираше македонскиот асфалт
Porsche ги напушта дизелите, преоѓа на хибриди и батерии

















