Porsche Boxster и Cayman со ново име и нови мотори во 2016

Купето и родстерот во основната моделска серија на Porsche ќе се збогуваат од шестцилиндарците и во новата генерација ќе возат со четирицилиндарски турбо-боксери.

Porsche испланира нова стратегија за идната генерација на Boxster и Cayman. Родстерот и купето од следната година ќе ги носат ознаките 718 Boxster и 718 Cayman, но ќе добијат и нови мотори. Шестцилиндарските боксери паѓаат како жртва на трендот на смалување на моторите и нивното место пред задната оска во иднина ќе го пополнат нови четирицилиндарци. Како „оправдување“ за овој чекор, Porsche се повикува на традицијата во мотоспортот.

Јубилејниот Porsche Boxster RS 60 Spyder покрај историскиот 718 RS 60 Spyder
Јубилејниот Porsche Boxster RS 60 Spyder покрај историскиот 718 RS 60 Spyder, кој ја позајми ознаката за новата генерација на основната моделска серија на Porsche

Новите моделски генерации на серијата 718 ќе добиваат сила од четирицилиндарски боксери со турбонатполнење. Porsche ги покажа своите намери за повторно преоѓање на четирицилиндарци на 24-часовната трка во Леман годинава, каде што Porsche 919 Hybrid се покажа доминантен пред конкуренцијата – и имаше четирицилиндарски турбо.

Новата ознака на серијата потекнува од тркачкиот автомобил со средишно вграден мотор Porsche 718, кој го наследи легендарниот 550 Spyder. На крајот на 1950-те години, овој малечок, но способен тркачки автомобил со четирицилиндарски боксер постигна впечатлив успех во Леман, во европскиот шампионат на ридски патеки и на Тарга Флорио.

Единствено во Porsche, купето беше поскапо од родстерот

Заедно со името се менува и ценовната политика на родстерот и купето, кои во иднина ќе располагаат со идентична моќност. Boxster ќе биде поскап од купето Cayman. Откако Porsche го претстави Cayman во 2005 година, купето секогаш беше поскапо од Boxster, кој како моделско име дебитираше во 1996 година. Тоа беше исклучок во автомобилскиот свет, затоа што родстерот по правило „се цени“ повеќе од купето. Разликата во цената кај моделите од актуелната генерација изнесува 500 евра. Обата нови модела ќе се појават истовремено во 2016 година.

Претходна објаваVolkswagen го подготви Golf GTI Cabriolet за следната сезона
Следна објаваМалечкиот Renault Kwid е бестселер за 4.000 евра – само за Индија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here