за

Porsche и Bentley имаат најмногу проблеми со електриката

Со зголемувањето на бројот на електрични системи во возилата зачестуваат и шансите за дефекти на истите, открива истражувањето на една осигурителна компанија од Британија.

Според последните истражувања, Bentley и Porsche се едни од марките кај коишто постои најголема опасност да се случи дефект во електриката. Двете луксузни марки се најдоа на второто и третото место зад Renault на списокот на производители чиишто автомобили имаат најголеми проблеми со електриката.

Британската осигурителна компанија Warranty Direct анализираше 50.000 осигурителни полиси за автомобили постари од три години во изминатиот петгодишен период и дојде до сознание дека просечната цена за отстранување на дефектите во електриката кај Porsche изнесува 757 фунти. Трошоците се незначително помали кај Bentley, каде што поправката во просек чини 670 фунти, но обете марки се неспоредливо поскапи од Suzuki, со просечно 244 фунти.

Генерално статистиката открива дека бројот на електрични дефекти се зголемил од 5.300 во 2008 година на 11.500 во минатата година. Тоа значи дека еден од четири возачи имал проблеми со електриката еднаш годишно. Во петгодишниот период соодветно се зголемиле и просечните трошоци за отстранување на дефектите, од 221 на 291 фунта.

Од моделите, најмногу дефекти има Chrysler Sebring. Две третини од сопствениците на овој модел имале проблем со електриката. По американскиот крстосувач следуваат Hyundai Matrix со дефекти во 63 проценти од возилата и класата Е на Mercedes со 60 проценти. Студијата исто така открива дека повеќе од 25 проценти од моделите на Renault, Saab, MG, Audi, Citroen, Seat и BMW имале дефект во електриката секоја година. За споредба, само еден од седум сопственици на модел на Subaru имал проблеми со електриката, додека кај Honda S2000, Mazda 5, Toyota Prius и Volkswagen Passat CC не се забележани никакви случаи на дефект во електриката.

Проблеми најчесто предизвикуваат релеите и алтернаторите, но и модерните системи, како сензори за паркирање. Овие системи може да се поправат само во овластените сервиси или само со специјална опрема, што дополнително ги зголемува трошоците.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Продажбата во Европа порасна за 8 проценти во февруари

Многу прашина околу џиновскиот теренец на Bentley