Porsche со промет од четири милијарди евра за три месеци

Спортската марка продолжува да реди успеси. Во првите три месеци од годинава, Porsche постигна зголемување во продажбата, во прометот и во оперативната добивка.

Вкупно 38.663 возила на Porsche се испорачани на клиентите во првиот квартал од 2014 година, што е зголемување од 4,5 проценти во споредба со истиот период лани. Прометот порасна за дури 20 проценти, на 3,93 милијарди евра, додека оперативната добивка изнесува 698 милиони евра, односно 22 проценти повеќе отколку во ланскиот период. Драстично се зголемува и бројот на вработени за спортската марка од Цуфенхаузен. Додека пред само три години за Porsche работеа 13.000 лица, денес персоналот брои преку 20.000 вработени.

Позитивниот тренд се очекува да продолжи и во вториот квартал, со оглед на развојот на пазарите во Кина и САД. Продажбата ќе добие голем поттик и со воведувањето на новата моделска серија на компактниот теренц Macan.

Претходна објаваEbay е центар за трговија со делови од украдени автомобили
Следна објаваTrident Iceni: Стартува најбрзиот спортски автомобил со дизелски мотор

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here