Електричниот Polestar 2 прво за клиентите во Норвешка и Шведска

Електричниот Polestar 2 прво за клиентите во Норвешка и Шведска
Електричниот Polestar 2 прво за клиентите во Норвешка и Шведска

Марката на Volvo што е специјализирана за погон на струја наскоро ќе почне да се среќава по патиштата во Скандинавија. Првата бродска пратка со Polestar 2 пристигна во Белгија, од кадешто возилата по копнен пат ќе продолжат за Норвешка и Шведска.

Првата бродска пратка со нарачани примероци од електричниот Polestar 2 пристигна во Европа. Возилата од електричната подмарка на Volvo беа истоварени во белгискиот пристанишен град Зебруге. За првиот чисто електричен модел на Polestar има неколку илјади нарачки во Шведска и Норвешка. Испораката на возилата е во август. Набрзо ќе пристигнат и возилата за клиенти во Белгија, Германија, Холандија и Велика Британија, а потоа следат и испораките за Швајцарија.

Електричната марка на Volvo осмисли и сосем нов пристап до клиентите. Место да биде присутна со класични салони, Polestar ќе организира привремени салони на прометни урбани места во земјите што се водечки во електромобилноста. Заинтересираните возачки и возачи ќе можат преку овие Polestar Spaces да договорат пробно возење. Марката претходно ќе објави во кои градови и во кој временски период ќе ги отвора своите попап-салони. Во истите ќе се организираат и разни настани.

https://www.instagram.com/p/CB5VHoglOCk/

Започнува производството на електричниот Polestar 2 во Кина

Polestar 2 производство Кина
Polestar 2 производство Кина

Претходна објаваПоследниот мотор произведен во Цвикау, фабриката на Volkswagen продолжува на струја
Следна објаваDongfeng наскоро добива купе-СУВ во понудата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here