Рекорден број пијани е-скутерџии на Октоберфест во Минхен

elektro skuteri oktoberfest pijanstvo
elektro skuteri oktoberfest pijanstvo

Во Минхен се забележани нови рекорди на возење во алкохолизирана состојба за време на Октоберфест. Полициската контрола утврдила прекумерно присуство на алкохол кај 774 возачи во двонеделната прослава на пивото, од кои 414 користеле електричен тротинет, односно е-скутер.

Службените лица одзеле 469 возачки дозволи. Повеќе од половината од одземените дозволи се од корисници на електрични скутери. Според соопштението на полицијата во баварскиот град, електро-скутерите не се ценат сериозно како сообраќајни средства. Поради тоа, корисниците не се свесни за последиците при возење на истите во алкохолизирана состојба.

Електро-скутерите во Германија од пред четири месеци се дозволени за користење во уличниот сообраќај.

https://www.instagram.com/p/B26Ouvvoa2m/

Претходна објаваНобелова награда за хемија за тројца научници за литиум-јон батериите
Следна објаваКралски благослов за стартот на Opel Corsa во Сарагоса

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here